Белоглав мршојадец

Класификација

Царство: Животни

Колено: Хордати

Класа: Птици

Ред: Соколовидни

Семејство: Accipitridae

Род: Gyps

Вид: Белоглав мршојадец

Белоглавиот мршојадец е една од најголемите птици во Македонија, должината на телото е од 70-102cm распон на крилја 2,44m и тежи 3 до 7 килограми, женките се поголеми од мажјаците. Максималниот животен век е 40 години. Бојата на возрасните грабливки е кафеава со бела глава и опашка. Живеат на високо карпести предели,стрмни подрачја и клисури со слаба жбунеста вегетација. Женката раѓа едно јајце, а сезоните на парење им почнуваат во декември и јануари. Населуваат места од Индија,Персија, Кавказ и е малку распространет на Балканот од кои една од најважните места каде опстанал е и Македонија.  

Како и другите мршојадци тој е преживар, исхранувајќи се со мрша и други остатоци од мртви животни благодарение на нивната желудочна киселина која е 10 пати посилна од човековата. Таа киселина може дури и да кородира метал, со оваа адаптација тие се исхрануваат со мрша која е понекогаш фатална за другите животни. Но некогаш ловат риби ако се во искушение. Мршојадците од стариот свет не се толку поврзани со мршојадците од новиот свет како и кондорите тие не го поседуваат доброто развиено сетило за мирис како што е кај мршојадците од стариот свет.Тоа е така бидејќи двете групи развиле исти карактеристики за исти потреби.

Загрозеност

Колонијата на белоглави мршојадци во Македонија последниве 3-4 години брои околу 100 птици, со 40-50 парови кои овие години успешно ги подигнуваа своите млади. Главни причини за нивното изумирање во Македонија се:недостатокот на храна, труењето,негрижата на општеството,убивањето и несоодвеетна еколошка инфраструктура. Во минатото се сретнуваат повеќе видови на мршојадци како брадестиот мршојадец,црниот мршојадец и други но денес опстојуваат само два вида и истите критично загрозени. На територија  на нашата држава Белоглавиот мршојадец, се среќава на Осоговските Планини, кањонот на  езерото  Матка,  Тиквешкото Езеро и Демир Капија.

Убивање – Најголемото истребување настапило за време на Првата Светска Војна кога ловци аматери ги убивале за забава и за награди додека нивните јајца биле крадени.

Труење – Една од најголемите причини за изумирање на денешницата е труењето во неколку наврати и во неколку региони. По Втората Светска Војна селаните користеле мрша која била контаминирана со вештачки отрови како мамка за волците.Но наместо волците, белоглавите мршојадци се намамиле на оваа мрша. Вакви инциденти се сличувале се почесто во последниве 70 години. Преку 100 единки се отруени во разлини предели.

Инфраструктура – Денес човекот обезбедувајќи си подобри услови за живот им нанесува штета на загрозените видови. При градење на хидроцентрали се уништува нивното природно живеалиште со вештачко подигнување на нивото на водата. Изградбате на патишта го нарушува нивниот начин на живот,им попречува парење и бучавата од превозните средства предизвикува немир.

Незначително потомство – Белоглавиот орел природно има ниска стапка на репродуктивност што значи дека тие раѓаат мал број на младенчиња.Тоа драстично го намалува прирастот на нивното потомство.

Историја

На територијата на нашата земја некогаш се гнезделе четири видови мршојадци, птици со голема интелигенција и грациозност, а денес некои се целосно истребени, други, пак, ги има толку малку во природата што речиси и да заборавивме на нив. Еден од нив е Белоглавиот мршојадец или Gyps fulvus.

Египетскиот и белоглавиот мршојадец сè уште ја посетуваат нашата територија. Брадестиот мршојадец веќе е истребен од Македонија, а последните индивидуи се регистрирани во 2004 и 2005 година. Во јуни 2019 година, пак, по 12 години е забележана една единка од црниот мршојадец.

Белоглавиот мршојадец, најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка. Мариово е еден од пределите каде што белоглавиот мршојадец живее непопречуван од ударот на цивилизацијата. Најчесто одбира карпести предели со пештери за гнездење, какви што има во изобилство на кањоните на Градешка, Бела и Црна Река.

Buy now